Кремљ оцени денеска дека испораката на француски ракети со долг дострел за Украина, која ја најави Емануел Макрон, е „грешка“ што ќе ја принуди Русија да преземе „противмерки“ во конфликтот во Украина.

Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, со сериозни последици за украинската страна, бидејќи, се разбира, ќе не принуди да преземеме противмерки, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, на првиот ден од Самитот на НАТО што се одржува во Вилнус, најави дека Франција ќе и испорача на Украина ракети со долг дострел „Скалп“.

Крстосувачката ракета „Сторм Шедоу“, која француската војска ја нарекува „Скалп“, заеднички ја развиле Велика Британија и Франција, а се лансира од воздух.

Обединетото Кралство во мај најави дека ќе испрати ракети со долг дострел во Украина.