Геодинамичкиот институт во Атина соопшти дека земјотресот во вторникот наутро, најсилен од десетиците што го погодиле островот, бил со епицентар на 22 километри југоисточно од Ираклион, главен град на Крит и четврти по големина во Грција.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит во понеделникот. Едно лице загина кога се урна црква во село во близина на епицентарот.

Грчкото министерство за климатска криза и цивилна заштита соопшти дека по посилните земјотреси најчесто следуваат послаби и го предупреди населението да избегнува згради што имаат каква било, дури и најмала можна штета, и да ги следи инструкциите на властите.

Грција се наоѓа во многу активен сеизмички регион и секоја година доживува стотици земјотреси. Најголем дел од нив се слаби и не предизвикуваат никаква штета или повреда.