Затворските казни изречени за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи предизвикаа реакција од премиерот на привремените приштински институции, Албин Курти. Тој пресудата ја нарече „неприфатлива неправда“ и побара таа што поскоро да биде променета во жалбената постапка.

Во видеообраќање објавено на Инстаграм, Курти ја оцени казната како „голема и штетна“ и изрази несогласување со одлуката четворицата да бидат прогласени за виновни.

„Пресудата можеби формално е изречена во име на народот на Косово, но оваа празна формула не треба да се меша со волјата на народот. Оваа пресуда дефинитивно мора да биде променета и исправена во жалбената постапка, и тоа што е можно побрзо“, рече Курти.

Тој додаде дека во овие, како што ги опиша, тешки моменти е со семејствата на поранешните лидери на ОВК и со сите нивни соборци.

Тачи и Красниќи се осудени на по 25 години затвор, Весели на 18 години, а Селими на 13 години.