Лавина реакции по објавата на Касами во којДобредојдовте во албанскиот главен град во Северна Македонија!, стои во објава на Фејсбук на тетовскиот градоначалник Билал Касами.

Истата објава наиде на многу коментари, а ваквото однесување и играњето на националистичка карта е жестоко осудено од Македонците во државата.

Граѓаните во коментари му пишуваат дека тоа е дрско однесување, прашуваат дали е градоначалник на Тирана и му забележуваат дека Тетово е многу валкан град и лошо место за живеење. Некои му порачуваат на Касами да не бара втор мандат. Но, меѓу бројните коментари на Македонците, Албанец пишал дека не Тетово, туку Скопје е главен град на Албанците во Македонија.

Тоа пред огледало да си го кажуеш и пак нема никад да биде вистина! Да, главен град на загаден воздух, прљави улице, 20 метра недовршени асфалти, кучиња, град без паркови, мафија итн. На тоа си ти градоначалник и ништо друго, пишува револтиран граѓанин.

Многу се бројни коментарите од Макдедонците.

Додека молеше за македонски гласови по врати не беше толку сигурен во себе, пак ќе ви требаат гласови затоа немој со глава во ѕид да си лупате., вели друг поединец.

На националистичката реторика на тетовскиот градоначалник реагираше и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски кој исто така е од Тетово. Тој вели дека Тетово е убав македонски град каде живеат различни народи, со различни култури и религии како богатство.