Лишен од слобода e маж од Ресенско поради измами со лажни лекари и сообраќајни несреќи, а одреден му е и притвор од 8 дена.

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.П.(40) од селото Стење, Ресенско, со престој во Битола и против непознато лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. 247 ст.1 од Кривичниот законик „измама“.

На 05.02.2026 околу 11:30 часот во Битола, пријавените довеле во заблуда 72-годишна битолчанка. На нејзиниот мобилен телефон ѝ се јавил второпријавениот и ѝ кажал дека нејзината снаа е тешко повредена и дека мора да даде пари и злато за да се направи операција. По кратко време, второпријавениот дошол во домот на пријавителката и таа му дала една златна огрлица и едно златно ланче со привезоци. Со стореното кривично дело двајцата измамници се стекнале со имотна корист од околу 40.000 денари.

На 06.02.2026 околу 09.30 часот во близина на Саат кулата во Битола, пријавените довеле во заблуда 76 -годишна битолчанка и нејзиниот сопруг. Второпријавениот се јавил на телефонскиот број на оштетената и се претставил како доктор од охридска болница. Тој рекол дека нејзината внука е тешко повредена и дека мора да даде пари за да се направи операција. Оштетените, според договореното, отишле кај Саат кулата во Битола и му дале 7.000 евра на првопријавениот.

По добиените пријави, полицијата извршила претреси на повеќе локации кои ги користел провопријавениот, при што пронајдени биле предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Потоа В.П. бил лишен од слобода, поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Полицијата трага по второпријавеното лице.