Лефков ги искоментира изјавите од страна на СДСМ дека се реформска влада, посочувајќи дека тие оние кои што ја донесоа државата во криза, не може истите да ја извадат од таа криза.
-Оние кои што ја доведоа Македонија во криза не можат да бидат тие кои што ќе ја извадат земјата од криза, рече тој.
Лефков нагласи дека буџетот за 2022 година ќе ја донесе Македонија на 65,9 проценти задолженост, нагласувајќи дека власта треба да си го постави прашањето зошто странските инвеститори немаат доверба во државата да инвестираат, за разлика од Албанија, Косово, Црна Гора, Србија.
-Имаме буџет во Собрание кои што ќе ја донесе државата на 65,9 проценти задолженост од БДП, Македонија има најниска стапка на странски директни инвестиции. Македонија има само 224 милиони странски директни инвестиции, значи една Црна Гора 520 милиона а има само 600.000 жители, Србија има 3,4 милијарди, а Албанија има 1,1 милијарда странски директни инвестиции. Прашањето кое што треба вие да си го поставите со вашите во владата зошто странските инвеститори имаат помала доверба и не инвестираат во Македонија, а имаат двојно поголема доверба во Косово, имаат четири пати поголема доверба во Албанија, имаат 3 пати поголема доверба во Црна Гора. Тоа е прашањето кое што власта треба да си по го стави, потенцираше Лефков.