Во својата реакција за текст објавен вчера Лекарската комора негира дека може да го заштити својот член кој 6 месеци не може да добие специјалистичко место во Кичево и тврди дека проблемот треба да се решава со медијација и преку други институции.
Лекарската комора каде член на управен одбор е директорот на ЈЗУ Здравствен дом Кичево за кого станува збор во текстот реагира и на употребата фотографија во текстот каде се наоѓа споменатиот директор иако во текстот канал е на едно дека фотографијата не е поврзана со случајот во Кичево.
Комората во реакцијата која ја пренесуваме во целост не најaвува дека ќе се обиде да му помогне на својот член кој цели шест месеци откако специјализирал не може да го добие своето место како специјалист а во меѓувреме сите вработени во Кичевско на систематски преглед одат во приватна здравствена установа при што ЈЗУ Здравствен дом Кичево губи меѓу 40 и 60 илјади евра на годишно ниво.
Реакцијата на Лекарската комора на Македонија:
Лекарската комора формално не е вклучена во изнаоѓање разрешница за овој случајот, бидејќи тој е во сферата на работни односи и првенствено треба да се решава во здравствената установа. Доколку спорот не може да биде решен на тоа ниво, медијација може да дадат државни институции кои имаат законски надлежности за овој тип спорови.
Прочитајте повеќе на Expres.mk.