Министерството за здравство информира дека е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека во најскоро време тој повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата.

Од Министерството посочуваат дека и натаму ќе спроведуваат активности со кои ќе сe овозможи поголема достапност на лековите по поприфатливи цени зa граѓаните.