„Ние сме навистина исклучително богато поднебје со културно наследство и тоа го знаат сите па затоа мора да се менуваат закони како што беше последниот пакет на закони што се менуваше за нечиј криминал затоа што знаат сите дека во Македонија не може да копнеш некаде, а да не најдеш нешто“, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска на денешната трибина во Охрид насловена „Политики за силна култура и развиен туризам“.

Таа посочи дека културното наследство е нашиот идентитет и она што ВМРО-ДПМНЕ во иднина ќе го прави е дека ќе се грижи, зачувува, заштитува, промовира и брендира културното наследство во три столба

„Едниот столб е како стожер на македонскиот идентитет бидејќи ние сите културни форми дали се материјални, движни или недвижни сеуште ги практикуваме и почитуваме“, кажа Стојкова Серафимовска.

Таа додаде дека вториот столб на културното наследство е современото творештво, односно нашите творци од секогаш се инспирирале од културното наследство.

„Да не заборавиме дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ покрај сите овие објекти кои се изградија, се вложуваше и во капитални проекти, драми, како што е дрмата Вечната куќа исто така инспирирана од македонската традиција и македонското наследство. Или пак проектот Македонското срце чука во 7/8, рече таа“, истакна Стојкова Серафимовска.

Таа изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го промовира културното наследство во интегрирана форма.

„ВМРО-ДПМНЕ во своите политики планира културното наследство да го промовира во една интегрирана форма во една жива форма со кои што ќе ги нападнеме сите сетила на сите туристи кога ќе дојдат и ќе ја видат и помирисаат Македонија и македонската култура. И верувајте сме го правеле тоа многу пати до сега и никогаш нема да ја заборават, и само така ќе покажеме на светот колку сме големи, како што ние големо името, децидна е таа“, децидна е Стојкова Серафимовска.