Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска изврши увид во инфраструктурните активности што локалната самоуправа ги реализира во населбата Бардовци во изминатите 10 месеци.
Лукровски го посети станбениот комплекс „Бахаш“, каде Општина Карпош инвестираше во уредување и подобрување на инфраструктурата. Во рамки на комплексот е асфалтирана нова улична мрежа, поставени се рабници и пешачки патеки, изградена е фекална и атмосферска канализација, а поставено е и современо улично осветлување.
Во продолжение на обиколката, градоначалникот ја посети и улица 1687, која е целосно асфалтирана. На улицата се поставени нови рабници, а долж коловозот е изградена пешачка патека со бехатон плочки.
На оваа улица е инсталирана и нова атмосферска и фекална канализација. При крај се и активностите за поставување ново улично осветлување со штедливи ЛЕД-светилки.
Лукровски изврши увид и на улица 6А, каде што е предвидена интервенција со поставување фекална канализација.
