Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси, отколку авион за нашите сограѓани. Додека останатите земји од Европа и светот веќе ги извлекоа своите државјани од Израел, македонските граѓани молат за спас, а власта не реагира. Црна Гора, Србија, Албанија веќе пратија чартер летови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо конкретна акција, власта излегува со штури соопштенија нашите граѓани во Израел да ги следат насоките на тамошните власти, како некој да би постапил спротивно?

Ја повикуваме владата со брзината и посветеноста со која распишува огласи за коцкарски бизниси и договара тендери во 4 очи да организира авионски превоз на нашите сограѓани кои војната ги затекна во Израел.

Наместо нашите сограѓани да се снаоѓаат сами и да се превезуваат со транспорт на други држави власта да овозможи организиран и безбеден транспорт“

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ