Синдикатот на контола на летање и Министерството за транспорт и врски синоќа постигнаа договор и штрајкот што беше најавен за утрово е одложен. Ќе продолжи нормалното функционирање на двата аеродрома во Македонија.

-Го поздравуваме потпишувањето на колективниот договор и одлуката за ангажирање на консултантска фирма која професионално ќе изврши функционална анализа за подобрување на функционирањето на претпријатието. Продолжуваме со заеднички координации да работиме за целосно реализирање на превземените обврски од двете страни. Се согласивме да работиме на подигање на нивото на транспарентноста за сите прашања, се до изработката на студијата која ќе ги даде идните правци за развој на претпријатието.Со ова ја информираме јавноста дека штрајкот ќе биде одложен, со цел давање на простор за надминување на отворените прашања. Министерството за транспорт и врски заедно со менаџментот на М-НАВ стои на ставот за спроведување на барањата на синдикатот, стои во соопштението од Синдикатот.

Инаку, Синдикатот на М-НАВ го најави штрајкот поради, според нив, непрофесионално однесување од директорите во однос на вработувањата и внатрешните прераспроредувања, несоодветните услови за работа и несоодветната опрема.