Од МНР информираат дека сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на амбасадите и мисии во деновите на жалост се откажани.
Македонско знаме во сите амбасади спуштено на половина копје
М
Министерството за надворешни работи, ја известува јавноста дека согласно Одлуката на Владата за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот КОВИД центар во болницата во Тетово, во сите Амбасади и Мисии во странство ги спушти знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост.