Францускиот претседател смета дека е прерано да се прогласи конечен крај на конфликтот
И покрај постигнатиот договор меѓу САД и Иран, францускиот претседател Емануел Макрон порача дека остануваат отворени дилеми околу тоа дали навистина е ставен крај на војната на Блискиот Исток.
„Секогаш е подобро да се има договор отколку војна, особено кога постои ризик од ескалација“, истакна францускиот претседател во изјава за „Франс 2“ (France 2), говорејќи за самитот на Г7 со кој претседаваше од понеделник до среда во местото Евијан ле Бен.
