Вчера во 22.00 часот во СВР Куманово, малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко Џ.С. од Куманово два пати ја мажел за одреден паричен надомест.

Кога дознала дека планира и третпат да ја омажи побегнала од живеалиштето и го пријавила настанот во полициска станица.

Од кумановската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.