Маричиќ се осврна и на важноста и придобивките од дигитализацијата во земјите од Западен Балкан во олеснувањето и подобрувањето на пристапот до правдата за граѓаните од целиот регион.

– Заедничката дигитална стратегија на земјите од Западен Балкан ќе ги забрза напорите за интеграција во ЕУ. Се очекува да донесе побрзи промени во однос на владеењето на правото, да помогне да се создаде функционална пазарна структура во регионот и ја поттикнува модернизацијата на администрацијата и општеството, рече министерот Маричиќ.

Денешниот состанок на работната група составена од претставници на министерствата за правда од Западен Балкан има за цел продлабочување на регионалната соработка во поврзувањето на регионот, размената на искуства и поддршката процесот на дигитализација, која е од круцијално значење, особено на патот кон евроинтеграциите.