Вицепремиерот Маричиќ се иззема од одговорност ако не поминат уставните измени. Тој во интервју во Топ Тема вели дека Владата нема да биде одговорна ако не се изгласаат уставните амандмани, а се знае кој ќе биде виновен.
Со мирна совест можеме да кажеме дека сме сториле се за Северна Македонија да продолжи на патот кон европските интеграции и да го оствариме сонот за европска Македонија. Тие што ќе гласаат против и ќе решат да си наметнат вето, овој пат самите на себе, тие ќе треба да дадат одговор на граѓаните зошто треба да чекаме уште 10 години, а во меѓувреме, Албанија, Србија, Украина, Црна Гора и Молдавија да продолжат напред и да станат членки на ЕУ, вели Маричиќ.
Неговиот впечаток е кога и да се стават уставните измени на маса, првото гласање ќе биде успешно.
За Маричиќ не е важно кој е министер за што во овој момент, затоа што според него не смее да се пропушти оваа можност. Владата без ДУИ, како што се предлага, би имала агенда да ги спроведе уставните измени, да ги продолжи чекорите на успешно комплетирање на скринингот, и потоа да ги организира изборите.