Новинарот Бранко Геровски го коментира настапот на министерот за правда Бојан Маричиќ на социјалните мрежи кој повика на одговорност за судиите од апелација кои го пуштиле од притвор Мијалков.

Во продолжение неговиот став

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера преку „Фејсбук“ побара одговорност од судиите кои го пуштиле од притвор Сашо Мијалков, во случај тој да побегне. Ова за новинарот Бранко Героски е неразбирање на системот на поделба на власта и вршење на притисок врз правосудните органи, и тоа јавно.

Судиите што ја донеле оваа одлука, како и сите други судии што носат било какви одлуки, не се обврзани ништо да им објаснуваат ниту на Маричиќ, а ни на јавноста. Тие треба да носат одлуки според законот и според сопствената совест, а нивната работа ја оценува Судскиот совет. Не министерот!

Маричиќ си дозволува да врши притисок врз правосудните органи од позицијата министер за правда. И тоа со објави на Фејсбук, што е скандалозно само по себе. Овој човек не го разбира системот на поделба на власта. А ако тоа не го разбира (или не сака да го разбере), навистина не е јасно како воопшто може да биде министер, вели Героски.