Во сила останува линеарното зголемување на пензиите, информира Уставниот суд.
„Отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Судот денеска ја запре постапката“, информираа од Судот.
Оттаму најавија подетално соопштение за одлуката.
За иницијативата да се укнине линеарното покачување на пензиите како неуставно беше поведена постапка, а предлогот за конечна одлука не доби мнозинство гласови од уставните судии. Кога предлогот не добива мнозинство Судот ја запира постапката, а актот останува во правниот поредок.
Иницијативата да се укине линеарното покачување на пензиите ја поднесе уставната судијка Добрила Кацарска.
