Детективите го идентификуваа осомничениот Џејмс Шулц, опишан како „брадест, бел маж“. Полицијата соопшти дека осомничениот „категорично одбил“ да ја почитува политиката на ресторанот, која бара носење маска за лице во објектот поради пандемијата. Тој наводно го снимил инцидентот со цел да им ја покаже снимката на своите адвокати, сметајќи дека услугата му е одбиена бидејќи е бездомник.
Осомничениот се соочил со вработените пред да го нападне менаџерот на ресторанот. Полицијата вели дека мажот се степал со менаџерот, а потоа го избодел три пати со џебниот нож во раката и горниот дел од торзото.
Осомничениот избегал од местото на настанот. При првата потрага, Шулц не е пронајден, но се пронајдени неколку докази, меѓу кои и неговиот ранец, велосипед и мобилен телефон, кои осомничениот најверојатно ги фрлил бегајќи од местото на настанот. Повредениот менаџер е пренесен во локалната болница, по укажана помош и пуштен на слобода.