Контроверзниот поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски вчеравечер ја потврди информацијата на Лидер дека се наоѓа во Мексико, но, тврди дека е на годишен одмор.

Она што е нелогично е како во услови на пандемија, Драги Рашковски се одлучи да патува во земja која е високоризична од Ковид-19. Ова го потврдува и Центарот за контрола на болести и нивна превенција (CDC).

Од Центарот за контрола на болести и нивна превенција велат дека патувањето ги зголемува шансите за добивање и ширење на КОВИД-19. Тие препорачуваат да не патувате во Мексико во овој момент.

Но, и ова не го спречи Рашковски да ја посети оваа држава во Латинска Америка и да ужива со семејството. Нашиот портал објави и каде е сместен Рашковски и колку плаќа за целиот негов престој. Тоа може да го погледнете ТУКА.