Меси се приклучи на трендот на фудбалери кои вложуваат во клубови
Лионел Меси стана сопственик на шпанскиот клуб УЕ Корнеља, кој настапува во пониските лиги, објави клубот од предградието на Барселона.
Со оваа одлука, Меси се приклучува на групата познати фудбалери кои дел од својата заработка ја вложуваат во клубови. Овој тренд станува сè почест меѓу активни и поранешни играчи.
Меѓу нив е и Килијан Мбапе, кој пред две години инвестираше во францускиот клуб Кан. Исто така, Н’голо Канте е сопственик на белгискиот тим Ројал Екселсиор Виртон.
Познати фудбалери со сопственички улоги во клубови
Жерар Пике е поврзан со шпанскиот клуб Андора, каде има водечка улога. Покрај нив, на листата се наоѓа и Џејми Варди, кој е дел од сопственичката структура во Рочестер Њујорк.
Дејвид Бекам исто така има значајна улога во Интер Мајами. Во овој клуб тој ангажираше повеќе поранешни фудбалери на Барселона, меѓу кои е и самиот Меси.
