Сведоците ја контактирале полицијата кога ја виделе исклучително јаката светлина и слушнале силна бучава, пишуваат денес норвешките медиуми.
Некои ги отвориле прозорците и вратите бидејќи почувствувале промена на притисокот на воздухот. Новинар на норвешкиот весник Верденс ганг метеорот го опиша како огнена топка во воздухот која го осветлила целото небо.
Светлината по 1 часот наутро (по локално време) можела да се види на југот на Норвешка, но и во Шведска.
Експертите сметаат дека делови од метеорот паднале западно од главниот град Осло.