Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нуди иднина, бидејќи живот со СДСМ не е иднина туку статус кво.

-Без проекти, со паушални постапки и импровизации, тоа е иднина во која нивниот збор вреди колку едно големо ништо, тоа е иднина без победи и без развоен економски план. Со овие луѓе не може да биде подобро, докажаа дека не можат и дека не знаат, затоа потребна ни е иднина на победи, проекти, иднина на промени – рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека потребни се победи како тие кога кога ќе ги срушиме ѕидовите помеѓу нас, кога ќе спасиме 14 човечки животи, кога ќе погрешиме да признаеме и да ја исправиме грешката и да се извиниме

– Победа да создадеме вредности, да има одговорност, да не се откажуваме, да создавате, да работиме да одиме напред. Со заеднички патриотизам ќе ја победиме заедничката мака и ќе создадеме иднина, да ги победиме криминалот, корупцијата, неправдите. Тоа е содржано во програмата на секој градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, каде има повеќе од 14.835 проекти, најмалку 2000 улици, проекти за секого, за реалните потреби на граѓаните кои потекнуваат од нивните потреби, 100 градинки, 150 училишта, 100 паркови, инвестиции во 60 објекти од културата, 90 спортски сали, гасификација и уште многу други проекти – рече Мицкоски.