Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиска делегација ќе присуствува на отворањето на македонскиот кулутрен клуб во Благоевград, потврдија од партијата.

Претходно, според партиските најави во Бугарија требаше да патуваат само претавници од раководството на партијата, но не и Мицкоски кои имал работни обврски во Охрид. Сепак, тој вечерва одлучил прироритет да даде на клубот.

Опозициската делегација засега е единствената за Благоевград.

Премиерот Ковачевски денеска ја одби поканата на организаторите, но ги повика сите оние кои имаат можност в недела да бидат во бугарскиот град, бидејќи како што рече, отворањето културни клубови е начин на кој се зближуваат граѓаните, но и државите.

Иницијативата за постоење на клуб “Никола Вапцаров” е на македонска организација од дијаспората, но Ковачевски најави и владина активност за отворање на македонски центар во Благоевград.

Покана за присуство е испратена и до македонската амбасада во Софија и новата амбадасорка Агнеса Руси Поповска, која денеска беше на прием во бугарското МНР по повод именувањето на функцијата.

Бугарскиот шеф на дипломатијата Милков го поздравил отворањето на културните центри во двете земји, но се пожалил на последните случувања во билатералните односи, конкретно поврзани со правата на Бугарите во Македонија.

“Двете страни се обединија околу мислењето дека од заеднички интерес е да се фокусираат повеќе напори за надминување на влијанието на негативните манифестации и повторно активирање на позитивната динамика во билатералните односи”, се вели во соопштението од бугарското МНР.