На средбата се разговараше за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Европската народна партија и за европските интеграции на земјата.

Претседателот Мицкоски посочи дека државата влегува во нов циклус на криза и постојано се оддалечува од датум за преговори со Европската Унија.

Мицкоски посочи дека и покрај многу бројните отстапки на Зоран Заев сега се лиферуваат нови датуми и нови пречки кои што треба да се надминат, што значи дека државата губи потенцијал во однос на исполнување на оваа стратешка цел.

И покрај сите забелешки поврзани со криминалот и зголемената корупција, недостатокот на реформи во правосудството, како и уназадувањето на економијата, државата треба да напредува во интеграциите во ЕУ, бидејќи тоа е во интерес на целиот Западен Балкан.

Земјата не смее да биде заложник на Зоран Заев на патот кон ЕУ, истакна Мицкоски.