Ние сме веќе дел од државните институции каде што се користи новата придавка. Ако мене ме прашувате дали ќе ја користам, ќе кажам не, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговорајќи на прашање какво е неговото мислење за Преспанскиот договор и дали ќе ја користи придавката „Северна“.
Тој посочи еден пример од Собранието.
-Имаме во парламентот позиции од спикерот кој вели дека нема да свика комисија за одговорноста на министерот Филипче во пожарот во Тетово, се додека процедурата не ги отстрани недостатоците, а тоа е новата придавка на името, која што ќе потсетува на капитулацијата на СДСМ и ДУИ. Јас велам ќе трпам политичка штета и ќе изгубам процент, но само да се открие вистината зошто воие луѓе живи изгореа и поднесов барања, но не закажа седница. На крајот од денот со Преспанскиот договор беше ветувано бесплатно здравство, квалитетно образование, членство во ЕУ, а всушност само се отвори Пандорината кутија, рече Мицкоски во емисијата „На патот кон…“.