–Правда за уставобранителите. Правда за жртвите на теророт на Заев. Системот не постои кога неправдата е на сцена. Но, ова е Македонија чии синови и ќерки го носеле товарот во најтешките времиња. Ние сме во ова не затоа што е лесно, туку затоа што сме на вистинската страна колку и тоа да е тешко. Одиме до крај, а Македонија ќе застане на нозе, порача Мицкоски.