Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска заедно со секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, се сретнаа со амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан, кој ја завршува својата мисија во Македонија.
На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, како и македонските евроинтеграции и постојаните условувања за Македонија.