Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ниту тој ќе се согласи на промена на Уставот под овие околности и со овој бугарски диктат.

„Во последно време, ја слушам тезата која произлегува од кујните на власта, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржело измени на Уставот, ќе го прифателе истото ова што се нуди сега по падот на оваа Влада.

Прво, мило ми е што и самите признаваат и очекуваат дека ќе се смени власта, второ, треба да знаат дека сега и било кога потоа, овој или било кој мандат потоа, ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ниту јас ќе се согласиме на промена на Уставот под овие околности и со овој бугарски диктат“, стои во неговиот пост на Фејсбук.