„Онаму каде што има кандидати за градоначалници во вториот круг од коалицијата АА-ААА немаме дилема дека целосно ќе застанеме зад нив во Чаир, Дебар, Гостивар и други места.“
Мицкоски повика на соработка со сите опозициски партии, вклучително и Левица. Конечната цел е една.
Во наредните денови ВМРО ќе одлучува дали и кого ќе поддржи во општините каде свој кандидати немаат ниту тие, ниту албанската опозиција. Тоа ќе биде одлучено во следните денови. Меѓу нив се и општините Куманово и Карпош. Инаку, албанската опозиција оди во втор круг во 7 општини: Гостивар, Струга, Дебар, Чаир, Боговиње, Теарце и Врапчиште. Во меѓувреме, од Левица, кои обезбедија голем број гласови што би можеле да го сменат резултатот во некои албански општини, кратко изјавија дека сè уште е рано да се позиционираат за еден или за друг кандидат.