Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во Дневникот на МРТ се осврна на неколку теми, меѓу кои и за нов клинички центар.
– Проектот клинички центар не постои. Зошто велам дека не постои? Пред мене ја имам физибилити студијата изработена 2019 година и има цели 35 страни и врз основа на оваа физибилити студија граѓаните треба да платат ни помалку ни повеќе 508 милиони евра. Тука не се внесени дополнителните трошоци кои се однесуваат на пристапни патишта, енергетско напојување, гасоводна инфраструктура, вода, канализација, имотно правни односи итн. И така овој проект може лесно да дојде до 550-600 милиони евра. Кога видовме дека станува збор за несериозен пристап, врз основа на податоци од 2009 година кога воопшто пандемија со ковид немаше. После ковидот пристапот генерално во здравството е сменет, рече Мицкоски.
Тој информираше дека ВМРО-ДПМНЕ даде идеен проект и укажа дека треба да се искористат податоците од Банката за инвестиции на Европа врз основа на што е добиен кредит за изградба на клинички во 2016 -2017 година кој е и поевтин 4-5 пати.
– Оттука го предложивме платото кое се наоѓа помеѓу поранешна Воена болница сегашна 8-ми Септември и Румунска и каде ќе изградиме нова зграда за да ги поврземе овие објекти. Зошто? Затоа што ова место има инфраструктура има приста од три булевари 8-ми Сепември, Илинденска и Партизанска и има секаква инфрсатрукутура и ова е предложено на тет-а тет средбата со Заев, но до овој момент нема ништо, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ не е против нов клинички, туку против тпа да и се дадат на оваа најкорумпирана влада во Европа пари на граѓаните и тоа 508 милиони евра за да прави нешто нереално.
– Додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го поддржам, ама ќе поддржам изградба на клинички центар кој ќе биде пофункционлен и најмалку три пати поевтин и кој ќе биде врвно издание во Европа. Тоа е она за што се залага ВМРО-ДПМНЕ, ама треба да има проект, затоа што за оваа физбилити студија за која беше одобрен и кредит од Европска развојна банка е зошто четири години не се мрдна е друга работа. Од друга страна, ни поттурнуваат неколку листа хартија, податоци од 2009 година и се направено пред пандемија. Значи, да заклучам, да за клинички, ама не за 50 милиони евра за најкорумпираната влада во Европа, рече Мицкоски.