Денеска нема протести поради верскиот празник Курбан Бајрам, ќе продолжиме утре, а Владата треба да каже НЕ затоа што последниот предлог е класична асимилација на македонскиот народ и македонскиот идентитет, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за српска телевизија Прва. рс.
Во продолжение изјавата
Што се случува во моментот, каква е ситуацијата, дали има протести или поради празникот Курбан Бајрам денеска нема да има протест?
Мицкоски: Денеска поради верскиот празник Курбан Бајрам нема да има протести, но ние продолжуваме веќе утре, така што одиме до крај нема повлекување.
Господине Мицкоски кога протестите започнаа и кои се основните барања на демонстрантите кои протестираат?
Мицкоски: Па владата да каже НЕ, затоа што последниот предлог кој е модифициран кој што го добивме не претставува ништо друго освен класична асимилација на македонскиот народ и македонскиот идентитет.
Практично, сите тврдења на Бугарите дека ние сме Македонците некоја творба од титова Југославија и дека претходно сме биле бугари и дека не зборуваме на нашиот македонски јазик кој е кодифициран таму уште во 1945 година дека тоа ништо не постоело, дека тоа сето било Бугарија и дека практично нашата македонска нација и народ постојат од 1945 година и тоа е за жал дел од овој француски предлог кој ги содржи сите бугарски позиции. Овој последен предлог ние никако не можеме, ниту како народ, ниту како партија, да го прифатиме. Е сега постои оваа корумпирана елита во влада која нема никаков рејтинг, ВМРО-ДПМНЕ е партија која има два и пол пати повеќе рејтинг од оваа влада, практично и ги декласиравме на последните локални избори, поставија еден марионет од Зоран Заев кој што практично потпишува се и сешто само за да опстои уште неколку месеци таму каде што е. Тоа е главно барање на граѓаните кои протестираат владата да отстапи од прифаќање на францускиот предлог и да каже НЕ. Пред некој ден организираа и инцидент. Идентификувавме пет луѓе кои што пукаа кон народот. Тие пукаа на народот. Народот буквално со голи раце одеше кон пиштолите и тоа можеше да се види со слики и видеа. Замислете ако народот со голи раце оди кон пиштоли, до каде стигна работава.
Ги спомнавте инцидентите, кажете ми зошто е забележан толкав голем број на инциденти и апсења, и дали сето тоа фрли сенка на барањата на демонстрантите?
Мицкоски: Прво, тука е една група која се класични осуденици и оние се уценети од страна МВР за да им се избришат сите пријави кои што ги имаат, да исценираат инцидент, а преку правење на инцидент така да успеат да го предомислат народот да излегува на протест и да протестира. Но, ефектот беше сосема спротивен од тоа што они го очекуваа и веќе следниот ден откако се појавија поголем број на граѓани отколку што беа првиот ден кога беа оние први инциденти, веднаш пратија луѓе кои што пукаа во народот. Но, народот како што ви кажав тргна да се пресмета со голи раце. Замислите тие луѓе кои што пукаа во народот, они се бранители на европските вредности кои се дел од овој последен модифициран француски предлог. Но, всушност тие се обични битанги која што ја штитат владата која никакво кредибилитет , бидејќи ¾ од народот сака оваа влада да си замине, и овој премиер кој е поставен таму каде што е само за да може уште неколку месеци Заев да може да спроведе уште некоја агенда овде кај нас.
Ја обвинивте владата дека сака да ве убие, кажете ми за што точно се работи и со што ги темелите ваквите тврдења?
Мицкоски: Ќе ви дадам одговор и на тоа прашање, само ако ми дозволите да дополнам, ние како држава уште во 2000 година потпишавме договор за стабилизација и асоцијација, дури и пред Хрватска. Така што оваа наша голгота не трае 17 години, туку 22 години. Јас работам како редовен професор на факултет, предавам електроника и јас сега треба да им објаснувам на моите студенти да веруваат во нешто кое трае 22 години, а голем дел од нив после завршување на студиите заминуваат на Запад или во Америка, Канада, Австралија или било каде само да не останат тука и да го трпат ова што се случува. Така што оваа наша голгота трае 22 години, и повторно ќе кажам овој последен предлог, кој е на масата сега, не подразбира почеток на преговори, туку тоа е сликање во Брисел се додека ние не го промениме нашиот Устав за да внесеме 750 семејства кои зборат бугарски јазик во нашата Преамбула.
Што ќе се случува понатаму, дали сте спремни да ја блокирате цела држава се до исполнување на вашите барања?
Мицкоски: Па вчера беше таа прва блокада, помина се добро и успешно. Ќе продолжиме со протестите и блокадите за да ја разубедиме оваа корумпирана и ненародна власт да се повлече чекор назад и да се откаже од овој предлог. Така беше и во 90тите кога беше Лисабонската декларација кога нас повторно истите луѓе не убедуваа дека не смее да биде името Македонија содржано во името на државата, и кога ние тоа го одбивме после неколку години сето тоа се промени. Така и сега ќе биде. Наместо притисокот на биде врз Македонија, бидејќи ние го променивме нашето знаме, својот устав, на сила го променивме името, сега повторно сакаат да отстапиме и да го промениме нашиот идентитет и да креираме некој нов идентитет по теркот на Бугарите. Е тоа нема да го прифатиме.
Господине Мицкоски кажете ми дали имате информација дали ќе добиете прилика да разговарате со некои од претставниците на власта во скоро време?
Мицкоски: Бев јас на средба со премиерот и му кажав на масата се двата документа првиот е Општ став на ЕУ и вториот Заеднички став на ЕУ. Како најголема партија во државата, бидејќи ние имаме најголем број на пратеници во парламентот, најголем број на градоначалници, најголем број на советници во советите на општините, практично сме партија која има најголем рејтинг и заслужуваме да промениме 0,87 проценти во текстот на договорот. Еве прифатите го нашево, а потоа ние ќе прифатиме се останато. Но, тие и тоа го одбија, а тоа се оние есенцијални делови во тие два документа и постои уште еден трет документ, тоа е протоколот. Но, протоколот никој не го видел и кој знае што се договарале. И сега тие сакаат ние да прифатиме нешто за кое што никој нема поим што е тоа. Па замислете вие, да бара некој од вас да прифатите нешто од кое што зависи животот на вашето семејство, а вие да не знаете што е тоа што треба да го прифатите. И само заради тоа што ми верувате вие го прифаќате или го одбивате тоа. Мислам тоа е таква глупост што јас не можам да разберам што се случува. Не се овие вредности во кој јас верувам во 21 век.
Кажете ми како вие го гледате епилогот на сето ова?
Мицкоски: Мора владата да отстапи. Доколку прифати тогаш ќе се запечати судбината на државата. Глупа е онаа теза во која кажуваат, прифатете го ова, седнете на маса преговарајте, па ако не ви се допаѓа, напуштете ја масата. Па ние сега сме на маса и сега преговараме за нашиот идентитет. Зошто мојот проблем со Бугарија, ако го прифатиме ова, да биде проблем за цела ЕУ. Тоа е најголемиот проблем, Бугарите сакаат ова повеќе да не биде проблем бидејќи сега се изолирани, туку да биде проблем Македонија со ЕУ. Тоа е главниот проблем.
Само за крај да ве прашам, рековте дека владата преку своите криминалци се обиде да ве убие во текот на протестите, кажете ми само за тоа?
Мицкоски: Заканите траат веќе 4 години, но тоа кулминираше пред година дена. Јас сум единствен човек во Македонија, кој има најмногу рејтинг и кој ја води најголемата политичка партија, а на кој државата не му дозволување обезбедување. И сето тоа е намерно, за да може да се случи, тоа што требаше да се случи пред некој ден. Но не исклучувам можност, бидејќи последните два дена повторно имам закани по мене и моето семејство. Но, јас им реков јас сум спремен да го завршам свој живот, дали вие сте спремни да го повлечете чкрапалото? (ороз)