Мицкоски во објавата вели дека целосно расветлување за случајот ќе има, но и одговорност за сите од оваа „мафијашка влада“.
-Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници кои се осудени во аферата “Мафија” се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР?
Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?
Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома.
Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада.
#одговорност
Најпознатиот турски мафијаш е еден од лицата кои добиле македонски пасош со лажен идентитет во аферата „Мафија“ (акција „Двојник). Откако изби аферата, се појавија голем број на видеа ифотографии кои докажуваат дека Пекер не само што имал македонски документи, туку во Македонија се чуствувал навистина како дома.
Тој редовно се среќавал со членови на СДСМ, кандидати за пратеници, градоначалници, а заштита имал и од полицијата.
Заев пред само месец дена кажа дека бил запознаен со сите овие средби кои ги имал Пекер, но сокри дека и самиот тој е меѓу високите функционери со кои мафијашот се дружел.