Според него јасна е одговорноста, односно каде треба да се бара одговорноста.

– Јасна е одговорноста тука, и одговорноста е содржана во измените на Законот за градење во ноември минатата година. Одговорноста да изработи протокол за пуштање во употреба на ваков тип на објекти е кај министерот за здравство. Дали до ден денес некој го видел тој протокол и кои се документи и услови се содржани во тој протокол за ваков објект да биде пуштен во употреба. Доколку се испочитува Законот за градење онаков каков што е нема да има оптоварување на кабелот за што јас зборував дека тоа ќе биде најверојатно изговорот и немало да дојде до ова, рече Мицкоски.

Така што згрозен сум, додава Мицкоски, и навистина немам зборови со кои можам да ја опишам мојата лутина и гнев на ова отсуство на одговорност не зборувам само за политичка и морална, туку и човечка за ова што се има случено.

– Јас како човек не можам никогаш да се помирам за ова што го кажа Зоран Заев и нема да престанам да се борам се додека вистината не ја дознаат прво семејствата кои загубија блиски, а потоа и граѓаните. Ова не смее да ни се повтори, а како тргнале ќе ни се повторува, бидејќи овие луѓе не чувствуваат одговорност, за онолку уште малку колку што ќе се на функциите, вели Мицкоски.