Поранешниот директор на УБК е во затворски притвор од 23-ти февруари, а веќе има две првостепени судски пресуди на вкупно 20 години затвор.
Тој со жалбите во кривичниот и во апелациониот суд бараше да му се овозможи домашен притвор или да му се ублажат мерките на претпазливост за што понуди гаранција во имот од околу 10,8 милиони евра.
Првиот притвор му беше определен откако не беше најден во својот дом за да го прими решението за домашен притвор. Мијалков исчезна и беше недостапен два дена.
За тој случај обвинителството ја заврши предистрагата но не најде кривична одговорност за никој ниту пак најде докази дека некој му дојавил на Мијалков што му се подготвува. Викендот обвинителството соопшти дека најверојатна верзија за настанот е „Мијалков да излегол од задната врата додека полицајците го чекале на главниот влез на куќата за да му врачат судско решение.“