Oва го открива емисијата “Заговор против воздухот” на Истражувачката Репортерска Лабораторија емитувана на МТВ минатата недела.
Во 2018 година, компанијата „Евротим“ која го увезувала опасниот мазут во Македонија заработила над 2,6 милиони евра од јавни договори.
-Нејзин најголем клиент во јавниот сектор беше Министерството за одбрана, кое потпишало договори во вредност од над еден милион евра во 2018 и 2019 година, откри ИРЛ во своето истражување.
Шеќеринска пред еден месец најави дека се повлекува од позицијата заменик на Заев во СДСМ но досега во јавноста нема поврзување меѓу нејзиното повлекување и сторијата на ИРЛ која влезе во финална фаза токму кога Шеќеринска најави дека заминува од втората по моќ позиција во владеачката партија.
Истражувањето на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), Истражувачка Репортерска Лабораторија (ИРЛ) и Центарот за истражувачкот новинарство од Чешка Investigace.cz открија дека овие облаци се производ на многу загадувачки мазут кој се гори во системите за греење на јавните институции на државата. Истиот мазут не можел да биде продаден во земјите на ЕУ затоа што таму единствено може да се користи во бродската и хемиската индустрија, како и во друга тешка индустрија далеку од населени места.
Мазутот, исто така познат како тешко гориво, е нуспроизвод на процесот на рафинирање на нафта и може да се класифицира како дестилат мазут или преостанат мазут. Додека преостанатиот мазут може да се користи во бродската и тешката индустријата, некои видови содржат штетни материи и се класифицираат како опасни.
Со помош на документи, интервјуа и други извори, новинарите открија како македонската компанија „Евротим“ заработила милиони евра од штетното масло, од кое голем дел го произвело Чешката рафинерија „Унипетрол“, а го препродава моќната босанска нафтена компанија „ХИФА Оил“.
И покрај жалбите од нафтените компании, јавните службеници и институцијата надлежна за следење на увозот на нафта во Северна Македонија, Владата досега го игнорираше проблемот. „Евротим“ можеби бил и помогнат од македонскиот политичар и бизнисмен Кочо Анѓушев. Две компании поврзани со него купиле илјадници тони масло од „Евротим“, објави ИРЛ.
Целата сторија на овој линк
https://irl.mk/zagovor-protiv-vozdukhot-ili-kako-makedonia-ostana-poslednata-evropska-deponia/