-Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус и надвор од тимот ќе биде во следните две седмици. Тој по враќањето од репрезентативните обврски немаше контакт со ниту едно лице од тимот, што значи дека нема потреба за дополнителни грижи, стои во соопштението од клубот.
Инаку, Миркуловски речиси по тригодишна пауза повторно го облече националниот дрес, откако на кормилото на македонската ракометна репрезентација застана Кирил Лазаров.