Македонската армија се подмладува и се освежува. Објавен конкурсот за прием на нови 300 професинални војници. Јавен оглас и за 10 подофицери во воздухопловниот ВИНГ. Следува и огласот за прием на 60 лица со високо образование во офицерски чин. Министерот Мисајловски со повик до сите мотивирани млади мажи и жени, од сите етнички заедници да се пријават на огласот и да станат дел од армиското семејство.
Македонски војници на украинско тло нема да има, категоричен првиот човек на одбраната. Тоа до сега никој не го побарал од нашата држава. Мисајловски потенцира дека во мирното решавање на конфликтот треба да се гледа најголемата шанса, бидејќи тоа ја опфаќа и колективната безбедност.
Министерот за одбрана го посети првиот пешадискји батаљон во кичевската касарна, кадешто се реконструира инфраструктурата. За годинава војничкиот ресторан треба да биде готов за 3 месеци. За обнова и во другите касарни ќе бидат потрошени 86 милиони денари.