„Денеска сме повторно во Куманово, со нас е и нашиот технички министер за труд и социјала Ѓоко Велковски, но и кандидати за пратеници, добри луѓе од Куманово. Овде сме со повозрасните денеска да се видиме на оваа средба со пензионерите и да ги слушнеме нивните маки се разбира. Колку што може да слушнеме од секој еден од нив е дека последните 7 – 8 години навистина тешко се живее, дека оваа власт апсолутно не обрнува внимание на нивните проблеми. Како што спомена министерот многу е тешко да се издржи целиот месец со малите пензии“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.
-Сакам да ги повикам сите граѓани за да почнат промените во Република Македонија денот за промени е 24 април. На 24 април масовно и сплотено со поддршката за Гордана Силјановска Давкова започнува македонската револуција односно народот да се сплоти и да го започне првиот круг за избор на новата претседателка, а тоа е нашата професорка, а потоа на 8 мај да ги повикам уште повеќе, уште позасилено да направиме историја и да стигне нова влада, бидејќи таа нова влада ќе има обврска да ги зголеми пензиите и да направи на овие прекрасни луѓе еден подобар и подостоинствен живот за сите не само тука во Куманово, туку насекаде во Македонија, изјави Мисајловски.