Овие пари, како што се наведува, би биле искористени „за зелен кров“.
– Дали стопанствениците на дуќани во трговскиот центар Мавровка ќе учествуваат со свои средства во реализација на овој проект или Градот Скопје е толку богат што ќе донира?!, праша Мишева.
Координаторката Мишева се осврна на приоритетите на Градот Скопје кои не се реализирани и укажа дека со оваа предлог одлука се креира пракса дека сите трговски центри преку здруженија на граѓани може да аплицираат и да добијат средства за оваа намена.