Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати порака до Македонците од Мала Преспа, нагласувајќи дека Македонија ќе продолжи да ја зајакнува соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција.
Мицкоски, кој е покровител на фестивалот, истакна дека границите можат да ги поделат териториите, но не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност.
„Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност“, порача Мицкоски.
Тој додаде дека со особена чест денеска е меѓу Македонците од Мала Преспа и испрати порака дека Македонија е со нив.
„Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас“, наведе премиерот.
Мицкоски порача дека ќе продолжи да се зајакнува соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција.
„Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа што нашето наследство не е само спомен од минатото, туку богатство што го градиме и за идните генерации“, порача премиерот.
Во објавата тој упати порака за зачувување на македонскиот збор, песна и врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа.
„Нека трае македонскиот збор, нека трае македонската песна, нека трае врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа!“, порача Мицкоски.
