Економската соработка во фокусот на средбата со шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација во официјална билатерална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), оствари значајна средба со претседателот на Емиратите и владетел на Абу Даби, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан. Главна тема на разговорите беше зајакнувањето на економската соработка меѓу двете земји. Со акцент на привлекување директни инвестиции.

 Македонија отворена за инвестиции во туризам, енергија и инфраструктура

Мицкоски ја искористи средбата за да ги презентира приоритетите на македонската Влада. Да ги нагласи економските потенцијали на земјата. Тој го покани шеикот Ал-Нахјан да ја посети Македонија.  Ја охрабри бизнис-заедницата од ОАЕ да ги разгледа можностите за инвестирање во сектори како туризмот, енергетиката, земјоделството и инфраструктурата.

„Убеден сум дека овие области може да бидат солидна основа за продлабочување на нашата билатерална соработка,“ изјави Мицкоски.

Посета на симболот на духовноста – Џамијата Шеик Зајед

Во рамките на посетата, премиерот Мицкоски и делегацијата ја посетија величествената „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби. Архитектонско ремек-дело изградено од бел мермер. Тој ја опиша џамијата како симбол на толеранција, духовност и единство, потенцирајќи го нејзиното значење како простор за меѓукултурен дијалог и почит.

Средби со бизнис-секторот на ОАЕ за проширување на економската соработка

Во претстојните денови, премиерот Мицкоски ќе оствари низа средби со стопанските комори на Дубаи, Абу Даби и Шарџа, како и со водечки компании кои делуваат во регионот. Целта е поттикнување на директни инвестиции и отворање нови перспективи за економска соработка со фокус на одржлив развој и нови пазари.

Извор: Миа