Извршен увид во работите за регулација на коритото на реката „Сува Река“
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посети Општина Сарај, каде што изврши увид во активностите за регулација на коритото на реката „Сува Река“. При посетата порача дека Владата останува посветена на исполнување на преземените обврски и реализација на проектите што им се важни на граѓаните.
„Оваа Влада останува да биде посветена на реализирање на проектите, на ветувањата тоа што сме го преземале како обврска. Не е лесно предизвици има многу, нема да очајуваме бидејќи проблемите коишто се наталожиле со децении не може да се решат преку број, но бараме начин, бараме можност повеќе за сето она коешто претставува приоритет на граѓаните да биде завршено“,порача Мицкоски.
Благодарност до граѓаните за трпението
Премиерот им се заблагодари на жителите на Општина Сарај за, како што рече, трпеливоста и разбирањето додека започне реализацијата на проектите. Воедно им изрази благодарност и на членовите на Владата за заедничката работа.
„Им благодарам и на граѓаните на Општина Сарај за тоа што беа толерантни, трпеливи да овие проекти почнат полека но сигурно да се реализираат и благодарам исто така на сите колеги од владата коишто заеднички покажуваат како се работи во интересот на граѓаните и во интересот на Македонија како држава“, додаде Мицкоски.
