Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа прес-конференција на која информираше дека одржале важен состанок со Советот за странски инвестиции.

Мицкоски: Проблемите ги решаваме заедно

Подаваме рака и на домашните, и на странските инвеститори. Не само декларативно, туку суштински низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно.

Потполно сум свесен дека граѓаните сеуште живеат тешко и дека недостатокот на пари е присутен. Но промените ќе ги дадат конкретните резултати многу побрзо и ние вложуваме напори тоа да биде час поскоро и посилно, ефектите од ваквиот раст во економијата неминовно ќе се почувствуваат и јас сум сигурен дека се движиме во добра насока.

Најавени нови инвестиции

Можам да најавам дека се водат активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ секторот, логистиката и агро-преработката. Исто така, разговараме со САД за можни царински олеснувања и верувам дека ќе бидеме во групата земји кои што ќе бидат наскоро објавени, кои што ќе имаат услови најповолни за да извезуваат на американскиот пазар.

Сето ова не доаѓа преку ноќ. Но доаѓа тула по тула, бидејќи се градат темелите на промените.

Ние не ветуваме чуда, туку многу работа. Секој ден. За секоја инвестиција, за секое ново работно место, за секој денар повеќе во буџетот, за секој чекор напред на државата.

Ова е времето на реални резултати. Времето на економски патриотизам. Ова е времето кога наjдоброто доаѓа, додаде Мицкоски.