Премиерот очекувал поголема излезеност и појасна европска насока

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека одзивот на македонските Бугари на парламентарните избори во Бугарија е значително понизок од очекуваното.

Тој нагласи дека бројот на оние што гласале е мал во однос на претходно изнесени проценки.

„Благо разочаран сум поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учествуваат на овие избори, од оние, според Радев, повеќе од 200.000. Очекував излезеноста да биде поголема“, изјави Мицкоски.

Очекувања за идната бугарска влада

Премиерот истакна дека очекува формирање на влада во Бугарија со јасна европска ориентација и фокус на добрососедските односи.

„Очекувам граѓаните на Бугарија да изберат премиер кој е европски ориентиран, односно претседател на Владата кој ќе е добрососедски ориентиран и наместо билатералните прашања ќе се посвети на промотор на копенхашките критериуми“, рече тој.

Контекст на односите Скопје–Софија

Изјавата доаѓа во период на затегнати односи меѓу Македонија и Бугарија, поврзани со евроинтегративниот процес и спорните политички прашања.

Македонската страна останува на ставот дека се потребни гаранции за да не дојде до нови блокади во иднина.