Премиерот Христијан Мицкоски денеска попладне ќе престојува во Нови Сад, каде ќе присуствува на свечена академија организирана по повод 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина.,

Според информациите од владината прес-служба, свечената академија ќе се одржи во Студентскиот културен центар во Нови Сад.

На настанот свое обраќање ќе има премиерот Мицкоски, а пред присутните ќе се обрати и Зорица Митровиќ од Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија.