Фокус на економски врски, инвестиции и иновации
Премиерот Христијан Мицкоски, за време на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, оствари важна средба со раководството на Стопанската комора на Дубаи. На социјалните мрежи тој објави дека се разговарало за јакнење на економските врски, интензивирање на трговијата, зголемување на инвестициите и поддршка на технолошкиот развој.
Конкретни иницијативи за економска соработка
На средбата се дискутирало и за конкретни иницијативи кои може да ја поттикнат соработката меѓу Македонија и Дубаи. Особено внимание било посветено на поддршка на претприемништвото, размена на искуства и промоција на бизнис можности од обете страни.
Нови чекори за економски пробив
Премиерот Мицкоски посочи дека средбата отвори можности за идни проекти и нови заеднички чекори. Соработката со Дубаи се очекува да даде нов импулс на економскиот раст и интернационализацијата на македонските компании.
Мицкоски иницира нова ера на економска соработка со Обединетите Арапски Емирати
За време на престојот во ОАЕ, ја посетив и Стопанската комора на Дубаи. Се сретнав со претседателот и дел од раководниот тим.
Разговаравме за конкретни иницијативи кои можат да придонесат за зајакнување на економските врски, особено во делот на трговијата, инвестициите и технолошкиот развој. Имавме можност да размениме идеи за поддршка на претприемништвото и промоција на деловните потенцијали кои ги нудат нашите земји. Средбата остави простор за натамошна соработка и нови заеднички чекори, напиша Мицкоски нс социјалните мрежи.
Извор: Република