Мицкоски на терен: Долно Лисиче добива спортска сала за 10 месеци, ќе опслужува над 200 ученици
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска официјално го најави почетокот на изградбата на нова спортска сала во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче, Општина Аеродром. Новиот објект, како што рече Мицкоски, ќе им овозможи на над 200 деца активно да се вклучат во спортски активности, дружење и развој на здрав дух.
- „Конечно ова училиште добива спортски објект во којшто ќе можат повеќе од 200 дечиња да спортуваат. Кога се гради, кога се создава и кога се прави додадена вредност, тогаш треба сите да се радуваме“, изјави премиерот.
Општина Аеродром со нови проекти
Мицкоски му честиташе на градоначалникот на Аеродром за посветеноста и истакна дека Владата, министрите и локалните институции секојдневно работат за реализација на проекти. Тоа го подобруваат животот на граѓаните.
- „Овој објект за 10 месеци ќе биде местото каде децата ќе го градат својот дух. Колку повеќе вакви објекти – толку поздраво и понапредно општество“, рече Мицкоски, додавајќи дека набргу се очекува и реализација на проект за целосна реконструкција на водоводната мрежа во овој дел од општината, преку Министерството за локална самоуправа.
Премиерот им честиташе на жителите на Лисиче и порача дека Владата ќе продолжи со интензивна работа и инвестиции. Мицкоски најави проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните.
Општина Аеродром добива нов лик со владина поддршка
Извор: Канал5