МНР упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Република Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски.
Од Министерството посочуваат дека истовремено, ќе известат и соодветно ќе реагираат и до институциите во Европската унија.
Оттаму напоменуваат дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји.
– Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени, велат од Министерството за надворешни работи.